Кога зборуваме за ангиоми, најчесто мислиме дека се работи за терапевтско заболување, но ова е погрешно. Поради симптомите на артеросклеротски промени во коронарните артерии потребена е ангиографија.

Кога се прави ангиографија?r
 
Коронарната ангиографија е селективна ангиографска метода која се изведува со вбризгување на 5-10 мл радионепрозирен хидросолубилно контрастно средство, преку за таа потреба специално направен катетер, кој се воведува во крвниот сад на срцето. Потоа крвните садови на срцето трајно се снимааат, во неколку проекции, со примена на рендген техника (флуороскопија) на 35 мм кино-филмска трака или дигитално. Записот на крвните садови на срцето се нарекува ангиограм. Се прави при:
  • Позитивен стрес тест.
  • ЕКО контракција кај пациенти со срцеви заболувања.
  • Суспекција за време на третирање со талиум со дијагностицирана коронарна артериска болест.
  • Завршена ангиографија за пациенти каде постои сомнеж.
  • Пациенти со валвуларно заболување.
  • Пациенти на возраст преку 40 години мора да се изложат на операција.
  • Принцип на контрола за пациенти со бајпас.
  • Пациенти со дијабетес мора да поминат на сериозна операција на отворено срце.
  • Кај луѓето со вграден стент мора да се направи контрола најмалку 6 месеци по операцијата.
Како се изведува ангиографија?
Се бричи местото на пункција (најчесто десната радијална артерија) во близина на рачниот зглоб, а потоа се дезинфицира. Се прекрива со стерилна прекривка, со исклучок на вратот, лицето и делот на телото преку кој ќе се пристапи кон пункција (убод) на артеријата. Околу местото на пункција лекарот дава локална анестезија, кое пациентот го чувствува како благ убод и лесно жарење.
Се пристапува од десната страна на пациентот. Пункцијата вообичаено се прави преку десната радијална артерија. Алтернативни места на пункција се улнарна, феморалната и брахијалната артерија. Откако ќе се даде анестетикот, се палпира радијалната артерија и истата се пунктира со игла, притоа треба да се добие млаз на крв од другата страна на иглата ( знак дека сме во артериски крвен сад).Се вметнува мала флексибилна жица во луменот на иглата и тогаш може да се отстрани, но жицата мора да ја задржи почетната позицијата. По отстранувањето на иглата, се навлекува флексибилно пластичо цевче преку жицата, се внесува во артеријата и овозможува вметнување на катетри и жици без крвозагуба. Движењето на катетерот се следи под флуороскопија која се продуцира од посебен апарат кој емитува рентген зраци наречен ангиограф, управуван од квалификуван радиолошки технолог.
Кога катетерот е на посакуваната позиција, жицата се отстранува и се администрира контраст кој ја исполнува целата должина на артеријата и ги прикажува евентуалните стеснувања и зачепувања . Убризгувањето на контраст се снима. Во текот на катетерот процедурата лекарот го прати крвниот притисок мерен преку интрааортално, затоа што неговиот пад може да доведе до нестабилност на пациентот и до тешки аритмии кои може да резултираат дури и со смрт на пациентот. За секоја коронарна артерија се вршат повеќе снимања од различни правци, затоа што артериите се поставени во три димензии во просторот. Вообичаено се снимаат 5-6 секвенци од различни правци за левата и 2-3 секвенци за десната коронарна артерија. По завршувањето на коронарографијата, кардиологот го вади цевчето од радијалната артерија и врши рачен притисок на местото на пункција со цел да се воспостави хемостаза. Потоа на тоа место се ставаат стерилни гази кои во наредните неколку часа ќе вршат притисок на местото на пункција.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM