Ракот е неконтролирана пролиферација на клетки и нивна миграција во други органи каде се размножуваат. Клеточните единици кои продуцираат млеко во градите се изградени од млечни канали и сврзно ткиво. Поаѓајки од млечните жлезди, се формира текстура означена како карцином на дојка.Според идентификацијата на клетките постојат повке типови и тоа дуктален карцином, лобуларен карцином итн.Најчестиот тип е инвазивниот дуктален карцином.

Кои се ризик факторите за појава на карцином на дојка?

Хормонални фактори, возраст, животен стил и фамилјарна предиспозиција се издвојуваат како најзначајни ризик фактори за негова појава.

Како да се заштитиме од појава на карцином на дојка?

Да се биде жена е последователно ризик фактор. Секоја жена особено по менопауза, треба да посвети внимание на соодветна исхрана, намалена конзумација на алкохол, одржување на идеална телесна тежина со соодветна физичка активност 3-4 часа во неделата значително го намалува ризиков за појава на канцер.

Жените кои имаат роднини во блиско сродство со присутен карцином големи се шансите за да заболат и тие. Превентивна препорака е генетско тестирање за канцер на дојка.

Дали е корисен самопрегледот на дојка?

Еден од најважните методи за рана детекција е самопрегледот на дојките.За секоја жена над 20 годишна возраст,7 до 10 дена по завршување на менструалниот циклус потребно е да се направи самопреглед на дојките. За жените до 40 годишна возраст доволно е еднаш месечно а над 40 години потребно е соодветна дијагностичка егзаминација еднаш во годината.

Дали секоја откриена творба е рак на дојка?

Палпабилна творба при егзаминација на дојка е присутна кај 20 проценти од жените.Зато, доколку детектирате чвор во дојките , важно е да се консултирате со вашиот лекар.

Како се дијагностицира?

Дијагнозата се поставува со помош на ултрасонографија и мамографија со цел да се издиференцира природата на палпираната творба.Мамографијата не се препорачува под 25 годишна возраст. Доколку се дијагностицира цистична формација таа обично е бенигна.Доколку творбата е на цврста основа , соодветно на радиолошките критериуми,треба да се направи тенкоиглена биопсија.По добиената патохистолошка анализа се поставува дефинитивна дијагноза.

Кој е третманот на карцином на дојка?

Третманот зависи од стадиумот на болеста.Се применува хирушки третман, радиотерапија и хормонтерапија доколку постојат хормон позитивни рецептори.Од особено значење е големината на туморот но и зачувување на самата дојка.Хемотерапијата и претходи на хирургијата и по намалување на туморската маса, дојката ке биде заштиетна.Истата покажува сигнификантни подобрувања во последните години. Да не се заборави, само искусен тим е адекватен за третман на канцер

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM