Менопаузата преставува крај на менструалниот циклус кај жената. Терминот потекнува од грчкиот збор „mens“ , односно, „крварење“ и зборот „pausis“ кој означува „прекин, крај“. Оваа појава претставува дел од природниот процес на стареење на јајниците кај жената и намалување на нивото на хормоните естроген и прогестерон. Жените ја губат способноста за продуцирање на јајце клетки, а со тоа и можноста за оплодување. Во нашата држава, просечната возраст кога се јавува менопаузата е 49 години, додека во западните земји, границата е неколку години подоцна. Голем процент од жените помеѓу 42-57 години влегуваат во менопауза.

Дали менопаузата е болест?

Менопаузата дефинитивно не е болест или било каков здравствен проблем, иако некои жени имаат потреба од поддршка во текот на тој период. Причината е појавата на одредени проблеми во процесот на адаптација на хормоналните промени. Некои жени немаат потешкотии за време на менопаузата, со исклучок на една мала нелагодност која може да се појави, додека пак, кај некои жени се појавува сериозна симптоматологија. Невозможно е да се предвиди кои жени се таргет група на ваквите појави.

Со какви проблеми може да се соочи жената за време на менопаузата?

Како што наближува менопаузата, првиот знак е нерегуларноста на менструалните циклуси ( или постепеното намалување). Освен тоа, доаѓа до зголемување на тежината, ненадејна промена на расположение, несоница, болка во зглобовите, замор, сува кожа, губиток на сексуална желба, краткотрајна меморија, промени во дигестивниот систем, зачестени уринарни инфекции. Овие проблеми, исчезнуваат спонтано во текот на 3-5 години по влезот во менопауза.

Дали менопаузата исто манифестира кај сите жени

Менопаузата се разликува од личност до личност и таа претставува индивидуално искуство. На пример, жените од Јапонија пројавуваат помалку симптоми кои навестуваат менопауза, а жените во Грција се жалат на „топли бранови“. Овие разлики се должат на генетиката, исхраната, стилот на живеење и социјално-културолошките позадини.

Дали постои хормонска терапија за менопауза?

Кај пациенти со сериозни симптоми на менопауза, постои хормон-заместителна терапија која се дозира соодветно по потреба и постојат различни начини за конзумирање на хормони.

Кои се специфичните ситуации за време на менопаузата кои жената треба да ги знае?

  • Годините на премин во менопауза може едноставно да се поедностави. За таа цел следете ги научните истражувања, читајте научни списанија и селектирајте информации од релевантни извори.
  • За време на менопаузата, споделете искуства со членовите од семејството или блиските личности од вашиот живот кои имаат подобро искуство на оваа тема.
  • Внимавајте на исхраната, конзумирајте помалку калории, внесувајте храна со високо ниво на протеини и растителни влакна, храна богата со калциум. Исто така, топлите пијалоци, зачините, напитоците со кофеин ќе ја намалат веројатноста за појава на „топли бранови“ и потење.
  • Редовно вежбајте. Не заборавајте дека редовната физичка активност е важна за превенција од срцеви заболувања за време на менопаузата и претставува заштита од развој на остеопороза.
  • Облекувајте се во согласност на температурните услови и топлите бранови кои ги чувствувате.
  • Консултирајте се со вашиот доктор за решавање на сексуалните проблеми со кои се соочувате во текот на овој период.
  • Намалете го стресот со редизајнирање на работните обврски и социјалниот живот.
  • Бидете во постојан контакт со вашиот доктор и почитувајте ги неговите совети.
  • Најважно од сè, следејќи ги овие чекори ќе стигнете до квалитетниот живот кој го посакувате.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM