Бубрежните камчиња претставуваат цврста маса од минерали лоцирани во бубрежниот канален систем.

Зошто се создаваат?

Постојат повеќе ризик фактори и механизми за создавање на бубрежен калкулус. Повеќето причини се непознати, сепак, како главен фактор се наведува фамилијарна предиспозиција, конгенитални аномалии на уринарниот тракт, системски заболувања итн. Одредени состојби кои доведуваат до зголемување на нивото на калциум, оксалат, мокрачна киселина и цистин се исто така причина за формирање на камен.

Каде и како се формира камен во бубрегот?

Бубрезите ја филтрираат крвта и го отстрануваат вишокот на вода и распадни продукти произведени во урината. Урината од бубрегот поминува низ уретрата до мочниот меур, а потоа се исфрла надвор од организмот. Таа содржи многу распадни материи во растворена форма. Тие материи формираат ситни кристали кои се соединуваат и создаваат камче. Исто така, сончевата енергија преку зголемена синтеза на витамин Д придонесува кон формирањето на калциумски камења.

Колкава е преваленцата на камен во бубрегот?

Дванаесет проценти од мажите и седум проценти од жените во САД заболуваат од камен во бубрегот. Честотата и во другите развиени земји е слична како во САД и е во постојан пораст. Зафатена е возрасна група од 20 – 49 години.

Кои здравствени проблеми го забрзуваат процесот на формирање на бубрежното камче?

Повторувачки уринарни инфекции, ренални заболувања како цистинурија, заболување на тироидна жлезда или хроничен панкреатит се главен предиспонирачки фактор за формирање на камче. Гихт – реуматско заболување кое го зголемува нивото на урична киселина во телото, исто така, придонесува за создавање на урични камчиња кај жените.

Други ризик фактори
• Недоволен внес на течности во телото.
• Генетски фактори.
• Позитивна фамилијарна анамнеза.
• Возраст, пол и раса.
• Недоволна физичка активност.
• Неправилна исхрана.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM