Што е акутна абдоминална болка и како се дијагностицира?

Ненадејната појава на болка во абдоменот која се манифестира во текот на шест часа се дефинира како акутна абдоминалана болка. Во случај на цревни заболувања, може да се појави гадење, повраќање и губење на апетитот. Пациентите кои повеќе од една недела имаат абдоминална болка мора да се обратат кај својот доктор и да се спроведе детално испитување на нивната состојба.

Кои се причинителите за абдоминална болка?

Абдоминалната болка може да биде поврзана и со другите делови или органи од телото кои манифестираат симптоми на болест карактеристични за таа регија. Заболувањата на желудникот и цревата, бубрежни камчиња, заболувања на машките и женските репродуктивни органи, дијабетес, проблеми со адреналната жлезда, менструални грчеви, одредени заболувања на крвта и токсични супстанци како што е морфиумот можат да предизвикаат абдоминална болка. Исто така, белодробните инфекции, срцеви удари и фрактури на ребрата можат да предизвикаат абдоминална болка.

Дали абдоминалната болка може да се помеша со други заболувања

Болката во горниот десен квадрант од стомакот асоцира на проблеми со хепарот, жолчката или улцерозни промени. Болка во лев горен квадрант е асоцира на проблеми со слезенката, панкреасот, желудникот или аортата. Болка во горниот дел од езофагусот асоцира на рефлуксна болест. Левострана абдоминална болка може да укаже на воспаление на колонот, додека десностраната абдоминална болка упатува на акутен апендицит или ектопична бременост. Болка во долните партии од абдоменот е присутна кај ектопична бременост, вклештена кила, уринарни болести или оваријални заболувања.

Како се третира абдоминалната болка?

Постојат различни причинители на абдоминалната болка и не е препорачливо да се третираат со лекарства. Сепак, добро е да се третираат со внес на храна и тоа: вода, двопек, банана и сок од јаболко.

Најважната точка која треба да се земе предвид е следната: „доколку не се знае дефинитивната причина за абдоминалната болка, не е препорачливо да се земаат аналгетици“.

Консултирајте се со вашиот доктор доколку имате:

  • Сериозни, зголемени и постојани болки.
  • Прекин на дишењето при болка, чувство на слабост, крварење, повраќање и висока температура.
  • Абдоминална болка со ширење кон градите, вратот и рамената.
  • Крв во столицата
  • Тензија и подуеност на стомакот

За време на овие анализи, искуството, знаењето и учтивоста на докторот се од голема важност. Третманот се одбира во согласност со присутниот проблем. Доколку има камче во уринарниот тракт, се спроведува медикаментозен третман, а во случај на акутен апендицит, потребна е итна хируршка интервенција.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM