logo-new

Во клиниката за урологија во Санте Плус , нашиот експертски тим врши дијагностицирање и третман на уролошките заболувања

Третман на простата со „Red light laser“

Во Санте Плус клиниката за урологија се применува „red light laser“ методот кој дава гарантиран резулат во лекувањето. Со помош на оваа метода се спречува бенигното зголемување на простатата, а третманот е безболен и брз. Постоперативната болка е значително намалена, а исто така и престојот во болницата е пократок од вообичаениот во споредба со останатите оперативни методи

  • ESWL(Extracorporeal ShocK Wave Lithotripsy)
  • Третирање на камења во уретер со ендоскопска метода(уретероендоскопија)
  • Ендоскопска операција на мочен меур (TUR-T)
  • Дијагностицирање и лекување на стерилиритет(биопсија на тестиси,микроскопска варикоцелектомија)
  • Дијагностицирање и третирање на импотенција
  • Дијагнстицирање и лекување на тумори на урогенитален систем,хируршки интервенции на канцерогени заболувања на урогениталниот тракт

Во 2001 година, основана е една од најмодерните здравствени установи во Истанбул, приватната болница ДЕРМАН, водена од филозофијата за подобар живот и квалитет на живот.

Во мај, 2008 година, приватната болница Дерман го промени своето име во Санте Плус, и како таква е позната до ден денес. Истата прераснува во една голема корпорација каде се следат меѓународните стандарди, а воедно се применуваат во нашата дејност.

Нашиот тим од здравствени работници постојано придонесува за квалитетот на нашите услуги и на пациентите им ја пружи својата максимална посветеност на патот кон здравиот и квалитетен начин на живот. За вас се грижиме со особено внимание и голема одговорност бидејќи главната цел на нашиот тим, како во Турција така и на Балканот, пред сè, е создавањето на една пријатна и топла атмосфера за нашите пациенти.

„Пациентите на прво место!“ е нашето мото кое е показател за нашиот беспрекорен пристап кон пациентите и нивните најблиски, кога станува збор за нивните потреби. Постојано ги следиме актуелните случувања и истражувања во областа на медицината и нудиме широка палета на медицински услуги. Работиме според ISO- стандардите, а тоа е доказ за нашиот квалитет на меѓународно ниво. Многубројните Санте Плус центри и единици се место каде се почитуваат моралните и етичките вредности, нашата организација се одликува со високи амбициозни цели кои го поттикнуваат нашиот стремеж кон совршенството.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM