ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ

  • Секој поединец е добредојден во нашата болница без оглед на јазичината, религиозната и расната припадност. Без исклучок, секој е добредојден да ги користи услугите на нашата болница.
  • Нашите пациенти имаат право да бидат информирани за сите можности и понуди на нашата болница, дијагностика и третман, и како да стигнат до овие услуги.

ИНФОРМАЦИИ И СОГЛАСНОСТ

  • Пациентите добиваат информација за сите придобивки и можни ризици кои го придружуваат медицинскиот третман. Сето тоа е презентирано во разбирлива форма за пациентот со цел да добие комплетна информација за конкретната состојба.
  • Секој пациент има право да добие копија од деталниот извештај кој го содржи целокупниот медицински третман спроведен врз пациентот.
  • Пациентот има право да одбие или да даде согласност за соодветната медицинска интервенција на која и претходи детално објаснување за успешноста, несаканите ефекти и процесот на закрепнување.
  • Доколку пациентот даде согласност, третманот се смета за одобрен и истиот може да се реализира.
  • Пациентите имаат право да добијат точни информации за евалуација и третман на болка.
  • Пациентите и нивните најблиски имаат право да се одлучат за можна донација на органи.
  • Пациентите и нивните најблиски се комплетно информирани на кој начин можат да учествуваат во клиничките истражувања и експерименти кои се изведуваат во нашата болница.
  • Пациентите имаат право да добијат јасни информации за мисијата на болницата.

ПРАВО НА ИЗБОР НА ДОКТОР

  • Пациентите имаат право да го знаат идентитетот на докторот, медицинските сестри и останатиот медицински персонал одговорен за нивното лекување, а исто така, и право на избор.

ПРАВО НА СЕЛЕКЦИЈА И ЗАМЕНА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ИНСТИТУЦИЈА

  • Пациентите треба да се регистрираат како што налага легислативата и имаат право да ја одберат и заменат институцијата во која ќе се лекуваат.

ПРАВО НА ОДБИВАЊЕ И ПРЕКИН НА ЛЕКУВАЊЕТО

  • Пациентот има право да се откаже од лекувањето и покрај тоа што дал согласност за истото.

ПРАВО НА ДИСКРЕЦИЈА

  • Пациентите го имаат правото на приватност за време на лекувањето.
  • Здравствениот статус на сите поединци примени во нашата болница и нивните лични податоци се заштитени и остануваат во строга тајност и после нивната смрт.

ПРАВО НА ПОЧИТУВАЊЕ

  • Нашите пациенти секогаш имаат заштитено лично достоинство, почит во грижата и пријателски пристап за време на нивното лекување. Имаат право да бидат третирани со особена грижа и посветеност.

ПРАВО НА КОНСУЛТАЦИЈА

  • Пациентите имаат право на консултација со нашите експерти.

ПРАВО НА ВТОРО МИСЛЕЊЕ

  • Освен докторот што го води пациентот, увид во здравствената состојба и третманот може да добие и друг доктор од истата специјалност.

РЕЛИГИСКИ ДОЛЖНОСТИ

  • Без оглед на религиозните разлики, пациентите имаат право да ги исполнуваат нивните религиски должности сè додека истите не влијаат на нивното лекување.

ПРАВА НА БЕЗБЕДНОСТ

  • Сите пациенти и нивните роднини имаат право на безбедност и заштита на нивните животи за време на престојот во нашата болница за што се превземени сите безбедносни мерки.

ПРАВИЛА ЗА ПОСЕТА И ПРИДРУЖБА

  • Пациентите може да примаат посета и придружба доколку истите се во согласност со правилникот за работа на болницата.

КРШЕЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТОТ

  • Во случај на прекршување на било кое право на пациентот, истиот може да поднесе жалба и да биде известен за исходот.

ПОЛИСА НА РАБОТА

  • Пациентот има право да биде запознаен со принципите на работа на болницата.

ЦЕНОВНИК

  • Пациентот има право да ја знае цената на здравствената услуга.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM