Што е кашлица и како се создава?
Нормално мукозата од респираторниот тракт е препокриена со мукус кој се лачи под дејство на вирусите, бактериите и надворешните супстанци како, на пример, прашина, кои навлегуваат во телото. Притоа се активира рефлексот на кашлање со помош на кој се изфрлаат надвор сите внесени супстанции преку продукција на спутум. Појавата на кашлицата е најчесто присутна за време на зимската сезона кога бактериите и вирусите циркулираат низ воздухот.

Типови на кашлица?

Кашлицата покажува повеке карактеристики во зависност од заболувањето. Влажната или сувата кашлица може да е манифестна околу една недела, но и подолго. При инфекција на горните ресираторни патишта, кашлицата најчесто се манифестира во текот на ноќта. Постназалното слевање на рефлекс го стимулира рефлексот на кашлање во бронхијалното стебло. Најчесто респираторната инфекција (треска со 39 степени, ринореја и кашлица) води до посериозно заболување на респираторниот тракт како пневмонија и отежнато дишење. Кашлицата може да предизвика гадење и повраќање. Освен ако повраќањето продолжи, нема причина за грижа.

Дали пролонгираната кашлица може да биде причина за друг проблем?

Претежно, кашлицата кај дете може да трае до неколку недели. Доколку вашето дете кашла повеќе од еден месец, треба да се испита евентуална хиперсензитивност, алергија или астма. Во овие случаи на пролонгирана кашлица консултирајте се со вашиот доктор.

Кашлицата може да биде симптом на друга болест како што е, на пример, кашлицата со висок интензитет, пароксизмална кашлица може да сугерира астма во детска возраст.

Кашлицата кај шестмесечни бебиња може да доведе до замор. Особено во есенско-зимскиот период РСВ (респираторен синцициелен вирус) може да предизвика настинка кај децата, потешкотии во дишењето и инфекции на долнореспираторниот тракт и белите дробови.

Како да се евалуира квалитетот на воздухот во домот?

Домашниот амбиент може да придонесе за разој на кашлање особено ако симптомите се повлекуваат по излегување од домот и се повторуваат кога лицето е повторно дома, треба да се размислува за присуство на одредена иритирачка материја во домот.

  • Гасови во домот.

    Природни гасови, керозин, дрво, јаглен кои се користат во куќата може да го загадуваат воздухот и затоа е важно да се има адекватна вентилација.

  • Чад од цигари.
    Цигарите и нивниот чад се штетни за белите дробови.
  • Хемиски средства во домот

    Варикина, средства за чистење кои содржат испарливи супстанци како амонијак, токсични гасови и бои и лакови.

  • Прашина и влага.

    Дерматофагоидите (микроскопски организми кои живеат во домашната прашина) во комбинација со влагата може да предизвикаат сериозни алергиски реакции.

  • Декорација

    Новите килими или свежо обоените ѕидови може да содржат иритирачки гасови.

Како фамилијата да помогне на детето што кашла?

Фамилијата мора да биде трпелива во ваква ситуација и да дозволи докторот да го примени протоколот на лекување. Кашлицата, после секоја инфекција на респираторниот тракт, може да продолжи од 6 до 8 недели. Фамилијата не треба да очекува дека кашлицата ќе престане веднаш. Со третирање на причината, кашлицата ќе се подобри. Добро познато е дека за да се ублажи и излечи кашлицата, не се препорачува употреба на лекарства за деца. Може да се користи солена вода, хербални инхалации за да се избегнат несакани ефекти.

Едноставни методи за развлажнување и смирување на кашлицата

  • Не пушете.

    Пушењето пречи на заштитниот механизам на респираторниот тракт и го зголемува лачењето на секрет. Не пушете во домовите каде што престојуваат деца и не дозволувајте други да пушат во истите.

  • Пијте доволно течности.

    Мукузот може лесно да се отстрани со течност. Тоа ќе го постигнете доколку внесувате повеќе течности, особено вода, како најдобар експерторанс, секретот ќе биде полесно исфрлен. Колку повеќе излегува од белодробието, толку помоќно е истото.

  • Зголемете ја влажноста во воздухот.

    Особено во зимскиот период кога внатрешниот воздух е сув и се зголемува сувоста на мукузот во респираторниот тракт, најдобро решение е да се употреби соодветна апаратура за влажнење на ладниот воздух. Ринофарингитот и риносинузитот може да ја поттикнат кашлицата. Носната секреција може да се ублажи со помош на хидрирање , да се подобри затнатиот нос и да се намали рефлексот на кашлање. Ладната пареа е поефективна во решавање на воспалителните реакции на респираторниот систем. Покрај тоа, позитивните ефекти повеќе се забележуваат кај децата кои не се со алергична (wheezing) патологија.

  • Доколку е потребно, може да се земат антитусици по препорака на доктор.

    Постојат повеќе типови на лекови против кашлица, за искашлување и ублажување на сува кашлица. Овие лекови не се препорачливи за деца под двегодишна возраст бидејќи може да се одрази на респираторниот тракт со акумулација на секрет во бронхиите што доведува до пневмонија.

Кога да се консултирате со доктор?

  • Доколку не добиете резултати дома со помош на горенаведените методи.
  • Доколку кашлицата постепено се зголемува.
  • Доколку детето тешко кашла.
  • Доколку има пораст на температурата, треба да се консултирате со вашиот педијатар.
  • Запомнете, доколку не се советувате со докторот, и сирупот против кашлица може да наштети.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM