logo-new

Санте Плус центарот за кардиологија нуди услуги кои вклучуваат испитувања, дијагностицирање, третман и рехабилитација од кардиоваскуларните заболувања и интензивна коронарна нега. Сето тоа е поткрепено со опрема по сите светски стандарди со цел успешно да се дијагностицираат и третираат кардиоваскуларните заболувања.

Крвни испитувања

Ниското ниво на HDL е многу важен ризик фактор за кардиоваскуларните заболувања. Колку пониско е неговото ниво, толку повисок е ризикот за кардиоваскуларно заболување. Исто така, зголеменото ниво на шеќер во крвта значи дека може да се забрза процесот на артериосклероза

Испитувања кои, исто така, се вршат во нашиот оддел за кардиологија

  • Електрокардиографија
  • Ехокардиографија
  • Стрес ехокардиографија
  • Холтер
  • Стрес тест
  • Коронарна ангиографија

Електрокардиографија
Откако докторот ќе ги разгледа резултатите од крвните анализи, најверојатно ќе даде совет да се направи ЕКГ. Овој тест е многу корисен во утврдувањето на нормалниот ритам на срцето и блокадите во срцевите вени.

Како функционира електрокардиограмот (ЕКГ)?
Малечките електроди се поставуваат на определени точки од телото (раце, нозе и гради) и со помош на кабли се поврзани со електрогардиографскиот апарат кој преку нив ги прима срцевите импулси. Контракциите и опуштањата на срцевиот мускул, како и останатите активности кои се случуваат, излегуваат во форма на графички запис.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM