logo-new

Одделот за асистирана репродукција во болницата Санте Плус ги имплементира најновите технологии од оваа област. Благодарение на веќе докажаниот врвен тим на гинеколози, поддршката и размената на искуства со колегите од Санте Плус тимот во Истанбул, стапката на успешност се наоѓа на исто рамниште со врвните центри за ИВФ.

Нашиот тим од гинеколози, ембриолози и андролози секојдневно и неуморно работи за потребите на илјадници парови и ги нуди следните услуги:

  • Комплетна клиничка проценка на неплодност кај парот;
  • Третман на гинеколошки дисфункции кај младите жени и кај жените во менопауза;
  • Хирзутизам и хиперандроген синдром;
  • Индукција на овулација;
  • Дијагностичка лапароскопија;
  • Контролирана оваријална хиперстимулација за асистирана репродукција;
  • Интраутерина инсеминација;
  • Хистеросалпингографија;
  • Лапароскопија (ендометриска хирургија, реконструктивна пелвична хирургија, миомектомија, салпингектомија, хирургија на оваријална циста);
  • Хистероскопија (полипектомија, ресекција на септум, миомектомија, одвојување во случај на интраутериски спој).

Лабораториски услуги

  • Спермограм (анализа на ејакулат);
  • Анализа на морфологија на сперматозоиди;
  • Замрзнување на сперматозоиди од ејакулат и тестикуларно ткиво;
  • Ин витро фертилизација;
  • Интрацитоплазматска инјекција на сперматозоид ICSI;
  • Микроманипулативни методи;
  • Екстракција на сперматозоиди од тестикуларно ткиво TESE;
  • Селекција на сперматозоиди PISCI;
  • Ин витро матурација;
  • Зголемување на шансите за имплантација со Assisted hatching;
  • Трансфер на бластоцити;
  • Замрзнување на ембриони и јајце клетки;
  • Ембриотрансфер на одмрзнати ембриони FET.

Assisted hatching
За да се имплантира ембрионот во матката мора да се ослободи од зона пелуцида, тенка обвивка која го опкружува ембрионот. Процесот при кој ембрионот се ослободува од зона пелуцида се вика hatching. Овој процес може да биде олеснет на тој начин што непосредно пред ембрио трансферот се прави тенок отвор на зона пелуцида. Во нашата клиника оваа процедура се работи со помош нa најсофистициран ласер за assisted hatching.

Замрзнување на ембриони
Ембрионите кои остануваат по трансферот во матката на пациентката можат да бидат замрзнати и да бидат употребени за следен ИВФ обид кај парот. Во нашата лабораторија ембрионите можат да бидат замрзнати 2 дена по пункција на фоликулите, кога ембрионот има 2 до 4 клетки, 3 дена кога има 6 до 8 клетки или, пак, 5 дена кога е во фаза на бластоциста. Ембрионите кои имаат добар квалитет, а со тоа и потенцијал во иднина да доведат до бременост, се замрзнуваат односно, се криопрезервираат.

Замрзнување на јајце клетки
Замрзнувањето на јајце клетки во нашата болница се изведува со методата на брзо замрзнување, односно витрификација која дава најдобри резултати на преживување на клетките. Замрзувањето на јајце клетките е важен метод на криопрезервација кај:

Пациентки со канцер кои треба да започнат хемотерапија која може да доведе до оштетувања на јајниците и неможност за создавање јајце клетки во иднина;
Пациентки кои сакаат да го пролонгираат мајчинството;
Пациентки кај кои доаѓа до намалување на функцијата на јајниците, прематурна оваријална инсуфициенција, оваријални цисти.

Интрацитоплазматско инјектирање на сперматозоид ICSI (Intracytoplsamic sperm injection)
ICSI е ефикасен метод на оплодување на јајце клетките кога параметрите на ејакулатот не се оптимални или кога претходните методи на фертилизација не даваат резултат. Со помош на ICSI методата и најтешките случаи на машка неплодност, како што е многу мал број сперматозоиди или отсуство на сперматозоиди во ејакулатот, можат успешно да бидат третирани со ИВФ методите. Во овие случаи со помош на одредени постапки сперматозоидите се добиваат од тестисот или од епитидимисот.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM