Опремени со најсовремената технологија и смело држејќи чекор со највисоките европски стандарди, како во Турција така и на Балканот, Санте Плус Групацијата овозможува многубројни високо квалитетни здравствени услуги, не ја нарушува медицинската етика и ја почитува приватноста на своите пациенти.

Болницата во Анталија располага со 70 кревети и персонал со долгогодишно медицинско искуство, кој секогаш е достапен и расположен да им помогне на нашите пациенти и посетители. Во нашиот хотел со пет ѕвездички нудиме удобност и враќање на вашето здравје.

Нашата болница во Кемер помага во решавањето на здравствени проблеми од различен тип, без да се загрозат етичките вредности на нашите пациенти. Со капацитет од 28 кревети, најсовремена технологија, високо квалификувани доктори и медицински персонал, тимот на Санте Плус е секогаш тука за вас!

.

.

medical_heart

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Нашата мисија е да обезбедиме најсовремен третман и дијагностика за нашите пациенти, овозможувајќи професионални услуги по прифатливи цени. Тука сме за да ги решиме сите проблеми кои се јавуваат во вашето здравје бидејќи единствено во Санте Плус: „Третманот со внимание на секој детал е златен медицински стандард!“

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

Задоволството на пациентите:

Нашата примарна цел е да се обезбеди високо ниво на заштита на човековото здравје. Во согласност со овој пристап, ги исполнуваме очекувањата на нашите пациенти.

Права и приватност на пациентот:

Почитувајќи ја приватноста на нашите пациенти, сите видови лични информации се заштитени во системот на Санте Плус групацијата.

Постојано надоградување:

Нашиот систем работи по принцип на постојана ревизија и надоградба кој , воедно, претставува главен мотив за најдобар квалитет.

Тимска работа:

Неуморното вложување на индивидуални напори преточени во беспрекорна тимска работа се клуч кон заедничкиот успех на нашата институција.

Технолошки иновации:

Санте Плус ги следи најновите технолошки иновации и ги имплементира во својата дејност. Нашите идеи водат кон лидерското место во областа на здравството.

Транспарентност:

Нашите пациенти, а исто така и вработените, слободно можат да го искажат своето мислење за различни области. Истото ќе биде разгледано со цел да се реализира.