Бременоста е посебна физиолошка сотојба проткаена со многу емоции и особена грижа за психо-физичкото здравје на жената! Во интерес на сопственото тело, закрепнувањето по породување и враќање во идеална телесна форма , неопходно е жената да се насочи спрема себе си преку спроведување на содветни мерки во однос на телесната хигиена и користење на козметички препарати како и превенција на физичкото и ментално здравје на своето бебе.

Обрнете внимание на туширањето

  1. За време на бременоста, потните жлезди се со изразена активност и потребно секојдневно туширање .
  2. Не стоите подолго од 15 минути во бањата.
  3. Погрижете се да користите умерено топла вода. Високата температура може да биде штетна.
  4. Отворете ги прозорците од вашата бања за проток на свеж воздух.
  5. За ваша безбедност, не заклучувајте ја вратата од бањата.
  6. Поставете анти-слип навлака во кадата за да спречите можно лизгање.
  7. Користете природни сапуни. Дури и вашата коса може да ја миете со природен сапун од маслиново масло.
  8. Откако ќе завршите со туширањето, нанесете бадемово масло за превенција од стрии на абдоменот и градите.

Препораки за нега на градите

За време на овој период, градите се најважната зона на која треба да се внимава. Поради отекување на градите се зголемува веројатноста од можни рагади. Превентивно, после топлиот туш, масирајте со хидратантен крем и за да избегнете опуштање на градната мускулатура, може да ги миете градите два пати дневно со ладна вода.

Препораки за нега на косата и шминка

  1. Косата може да го изгуби сјајот и виталноста за време на бременоста. Може да биде потешко од вообичаено да ја вратите во форма. Редовното миење на косата може да ја олесни ситуацијата.
  2. Истражувањата велат дека хемикалиите од фарбата за коса може да му наштетат на вашето бебе. Поради тоа, најдобро би било да ја фарбате косата по породувањето.
  3. Доколку сакате да ги фарбате белите влакна од вашата коса, користете растителна боја за коса во првите три месеци од бременоста.
  4. Гелот за коса не се препорачува поради неговата хемиска содржина.
  5. Трајното виткање на косата е непрепорачливо поради апсорпцијата на хемикалиите во крвотокот преку скалпот.
  6. Препорачуваме косата да остане во нејзината природна форма дури и по породувањето.
  7. Шминката не е штетна по здравјето на бебето. Но, и покрај тоа, за време на бременоста се препорачува да се користат природни козметички препарати.

8 хербални маски за дневна грижа на вашата кожа

За време на бременоста се зголемува зачестеноста на дерматолошки проблеми. За кожата најважно е да дише, затоа пред секое легнување чистете ја и освежувајте ја вашата кожа со следните хербални маски:

  1. Со помош на сок од лимон, исцеден во малку вода, оставете да отстои 5 минути а потоа нанесете на чиста кожа. Порите ќе бидат чисти, а вашата кожа освежена.
  2. За чистење на вашата кожа, земете жолчка од јајце, едно лажиче масло од сусам, 3-4 капки сок од лимон и добро измешајте. Нанесете ја смесата на вашето лице и оставете да дејствува 10 минути.
  3. Доколку вашата кожа брзо се суши, земете 5-6 јаготки, испасирајте ги и додадете млеко. После 10 минути откако ќе ја нанесете смесата на вашата кожа, темелно измијте го лицето.
  4. За да ја освежите кожата, земете 1 шољичка мед, 3-4 капки лимонов сок и една лажичка маслиново масло. Откако ќе ја нанесете смесата на вашата кожа, оставете да дејствува 20 минути, а потоа темелно измијте го лицето.
  5. За длабинско прочистување идеална е маската од пасирано јаболко со млеко. Оставете да дејствува 20 минути а потоа измијте со вода.
  6. Вистински микс од витамини нуди и краставицата измиксирана со половина авокадо, 1 жолчка од јајце и малку млеко! Ставете ја смесата во фрижидер да се олади во тек на 30 минути , потоа нанесете ја на лицето па измијте ја со топла вода.
  7. Банана со млеко е неопходна за мазна и негувана кожа.
  8. Сок од 1 лимон , три лажички мед и малку глицерин е ненадминлив заштитник на сувата кожа.

Практикувајте ги овие маски за лице еднаш во неделата, во тек на месецот.

Сугестии за нега на раце и стапала

  • • Ноктите се кршливи и ја менуваат својата боја во периодот на бременоста. Одржувајте ја нивната хранливост и цврстина.
  • • Одбегнувајте лакирање затоа шт о тоа води до сушење на ноктот.

Препораки за нега на заби и усни

  1. Плунката и останатите супстанции пронајдени на забите од трудниците го афектираат забниот емајл а со тоа и расипување на забалото.
  2. Забниот флуор е супстанца која расте и тешко се стабилизира. Затоа, иако немате болка вршете редовни контроли кај вашиот стоматолог.
  3. Избегнувањето на контроли во услови на проблем со заб, доведува до инфекција на организмот а со тоа и загрозување на здравјето на бебето.
  4. Одвреме на време, четкајте ги забите со антисептично средство.
  5. Во случај да се појават пукнатини на усните, земете 50 грама мед и измешајте го со 200 грама масло од сусам. Аплицирајте ја смесата на вашите усни секојдневно.

2016 © Copyright - Kollektif Tasarım

00 389 0 25 11 20 16

SİZİ ARAYALIM